ИХФ пресуди: Македонија нема да настапи на СП во Египет!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската ракометна федерација (ИХФ) го номинираше Чиле за претставник на ракометната конфедерација на Јужна и Централна Америка на Светското првенство (СП), па тоа значи дека македонската ракометна репрезентација нема да настапи на големиот настан.

Македонија се надеваше дека ќе добие вајлд-карта за настап на СП, но сепак Чиле го пополни последното место за натпреварувањето.

Чиле требаше да се бори против Уругвај, Парагвај, Колумбија и Салвадора за последното место на турнирот, но турнирот беше откажан поради ковид-19, по што ИХФ одреди директен учесник.

СП во Египет е закажано за период од 13 јануари до 31 јануари.