ИХФ затвори дел од трибините, Македонија пред уште посериозна казна!


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Светската ракометна федерација (ИХФ) ги изрече дисциплинските мерки поради инцидентите за време на натпреварот меѓу Македонија и Холандија во второто коло на Светското првенство.

Инцидентите се случија во салата во Вараждин, каде реагираше публиката на одлуките на данските судии предизвикаа одлука на ИХФ. Ова резултираше со затворање на дел од трибините за следниот натпревар на македонскиот тим.

Според официјалното соопштение, трибините над клупите на стручните штабови на двете екипи ќе бидат затворени за публиката на идните натпревари. Исто така, ИХФ наложи да се зголеми обезбедувањето на сите претстојни натпревари за да се избегнат слични инциденти во иднина.

Федерацијата потенцира дека ако вакви или слични инциденти се повторат, Македонија може да се соочи со уште посериозни санкции, меѓу кои се и целосно празни трибини за нејзините натпревари.