До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јануарскиот трансфер период би можел да донесе неколку неочекувани трансфери, а како што изгледа, најголемото изненадување го подготвува Мауро Икарди.
Икарди повеќе од три години игра во Турција во тимот на Галатасарај, кој го купи аргентинскиот напаѓач од ПСЖ за десет милиони евра.
Аргентинецот одлично се вклопи во тимот на Галатасарај со кој доминира во Турција, но во последно време поради честите повреди не играше премногу.
Се разбира, една од причините е и силната конкуренција во нападот што му ја прави Виктор Осимен, и како што изгледа, еден од нив двајцата многу веројатно веќе овој месец ќе го промени клубот.
Сите шанси се дека тоа ќе биде Икарди кој има неколку понуди на маса и подготвува големо изненадување.
Се појави информација дека Икарди ќе ја продолжи кариерата надвор од Европа и тоа во Бразил, бидејќи Атлетико Минеиро силно го сака во своите редови.
Атлетико Минеиро сака да го засили тимот пред новата сезона и токму Икарди им е прв на листата желби, подготвени се да му понудат огромна плата на Аргентинецот за да ја прифати понудата.
Покрај Атлетико Минеиро, овој 32-годишник се поврзува и со Овиедо, но Икарди е многу поблизу до одлуката да се пресели во Бразил наместо Шпанија, бидејќи не сака во Ла Лига да се бори за опстанок во остатокот од сезоната.
















