Икарди ќе го засили нападот на Манчестер јунајтед!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди повеќе нема да добие шанса во ПСЖ, па поради тоа се шпекулира дека летово ќе замине од Париз, а како негова нова дестинација се споменува Манчестер јунајтед.

Француските медиуми пишуваат дека интерес за Икарди покажале Монца, Галатасарај и Јунајтед, но најдобра понуда дефинитивно е поранешниот англиски гигант кој има сериозни проблеми во нападот.

Ванда Нара, сопругата на Икарди, почнала преговори со два тима, а најблиску до потписот на Аргентинецот се „црвените ѓаволи“.

Единствен проблем за „ѓаволите“ би можела да биде платата на Икарди, која изнесува неверојатни 11 милиони евра по сезона.