Икарди преку Инстаграм најави каде ќе игра следната сезона!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди објави на Инстаграм дека и понатаму ќе остане член на францускиот вицешампион ПСЖ.

Во претходните месеци Икарди постојано се поврзуваше со заминување од редовите на тимот од Париз, но тоа нема да се случи.

Аргентинецот на Инстаграм јасно порача дека останува член на „светците“ во следните две сезони.

„Оваа, како и следната сезона ќе бидам фудбалер на ПСЖ. Никој не се сомнева во тоа“, кратко кажа Икарди.

Икарди има договор со ПСЖ до 2024 година, а во тимот од Париз е од 2019 година. Тој во претходните две сезони одигра 62 меча и постигна 33 гола.