Икарди се обиде да глуми, па во завој го напушти стадионот 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди поради повреда го напушти мечот меѓу ПСЖ и Брест. Тој во финишот на мечот имаше еден дуел со противник и минималниот контакт го искористи да падне.

Тука направи грешка затоа што напаѓачот на ПСЖ лошо падна на рамото и веднаш се забележа дека нешто не е како што треба.

Икарди со болна гримаса го напушти теренот, а од стадионот си замина со рамото во завој и има можност да заработил посериозна повреда при падот.

Ако навистина станува збор за повреда, тогаш аргентинскиот напаѓач ќе пропушти најмалку два месеци и нема да му биде на располагање на тренерот Маурицио Покетино.