Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ванда Нара крена голема прашина кога го напушти Мауро Икарди и замина во Милано заедно со децата, па многумина помислија дека бракот ќе пропадне, а медиумите објавија дека тоа се случува поради неверство од страна на фудбалерот.
Не требаше долго да се дознае дека Икарди ја изневерил Ванда, а потоа беше објавено и името на жената со која го направил тоа. Станува збор за Марија Евгенија Суарез, која била пријателка на неговата сопруга.
Засега ова е само шпекулација, но нема да биде ништо чудно затоа што и претходно овој брачен пар беше во слична драма, кога Икарди ја презема Ванда од неговиот најдобар пријател Макси Лопез.
Аргентинската актерка била пријателка на Ванда, а со нејзиниот изглед очигледно била неодолива и за Икарди.