Иличиќ му ги „скина нервите“ на Гасперини: Престани да се жалиш!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аталанта во Бергамо во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони загуби со 0-1 од Реал Мадрид.

Тимот на Џанпјеро Гасперини речиси цел меч играше со фудбалер помалку, а тренерот на италијанската екипа тешко го прифати тоа што се случуваше на теренот.

Гасперини се обиде да направи нешто и со измените, а ѕвездата на тимот, Јосип Иличиќ доби шанса во 56. минута, но тренерот потоа го замени иако играше само 30 минути.

Не беше Иличиќ задоволен со оваа одлука на Гасперини, а тренерот не сакаше да слушне ништо против него, па почна да вика.

„Престани да се жалиш и земи да правиш нешто“, викаше Гасперини кон Иличиќ во текот на измената.