Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Македонските интернационалци Марио Илиевски и Бобан Николов блеснаа во победата на Кишварда против Ујпешт (4-0).
Поранешниот напаѓач на Вардар, Илиевски ги постигна првиот и третиот гол за Кишварда, додека беше асистент на вториот погодок.
Последниот погодок на средбата беше дело на Николов, кој претходно му асистираше на Илиевски за првиот гол.
Кишварда по 17 меча има 14 бодови, колку и последниот Мезоковеш.