Им го донесе првиот трофеј по долги години, па доби „шут карта“: Валенсија го отпушти Марселињо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


54 годишниот стратег Марселињо повеќе не е тренер на Валенсија откако и официјално заработи отказ во текот на денешниот ден.

Стратегот беше отпуштен по само три кола од новата сезона, но се верува дека резултатите немале врска со неговото заминување, туку причина за тоа била кавгата со сопственикот Петер Лим.

Лим одлуката за заминување на Марселињо муја соопштил на претседателот на клубот, Анил Мурти во Сингапур во текот на денешниот ден.