Им нема крај на проблемите: Зидан остана без осум фудбалери за три недели!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид денеска гостува кај Хуеска во 22. коло од шпанската Ла Лига, а тренерот Зинедин Зидан повторно се наоѓа во проблеми затоа што не може да смета на седум фудбалери кои се „во аут“ за денешниот натпревар.

Францускиот тренер може да смета само на 17 фудбалери за денешниот натпревар, зашто повредите и заминувањата од тимот му направија проблем на Зидан, кој остана без осум фудбалери за само 22 дена.

Лука Јовиќ и Мартин Одегард го напуштија тимот, додека се повредија Карвахал, Родриго, Милитао и Азар, а Начо имаше позитивен тест на ковид-19.