Им пресуди на „ѓаволите“, па си обезбеди трансфер во Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алексис Мекалистер постигна гол во 99. минута против Манчестер јунајтед и му донесе три бода на Брајтон, а еден ден подоцна го поврзуваат со трансфер во Ливерпул.

Англиските медиуми, но и новинарот Фабрицио Романо објавија дека Ливерпул е заинтересиран за талентираниот фудбалер и наскоро ќе потпишат договор со него.

Засега не е познато колку пари ќе изнесува трансферот, но „црвените“ сакаат да го комплетираат трансферот до крајот на мај.