Им пропадна турнејата низ Англија: Рајола и Халанд не можат да одат на преговори!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот Мино Рајола и Алф-Инге Халанд, таткото на Ерлинг Халанд, почнаа преговори со заинтересираните клубови за трансфер на младиот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Вчера Рајола и Халанд беа на преговори со Барселона и Реал Мадрид, а шпанските медиуми објавија дека нивна следна дестинација е Лондон, каде што требаше да разговараат со англиските клубови.

Меѓутоа, не можат да влезат во Англија без да одат во карантин, а тие кои ќе ги прекршат овие мерки ќе добијат казна од 10.000 фунти.

Интерес за Халанд од Англија покажаа Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси и Ливерпул, а останува на Рајола да смисли начин на кој ќе преговара со овие екипи.