Има 126 кг, а татко му купи клуб за да може да игра како напаѓач!

Приказната за Хи Шихуаи од Кина чиј татко купил клуб за да може да игра фудбал стана хит пред неколку дена.

Кинескиот второлигаш Зибо неодамна го промени сопственикот, а новиот газда го натера тренерот да му даде шанса на неговиот син.

Ништо немаше да биде чудно доколку Шихуа нема 126 килограми и е далеку од идеална форма, но тоа не го спречува да биде главен во екипата.

Шихуа е задолжен за сите прекини, па ниту една акција не може да мине без него, па дури и ги распоредува соиграчите каде да се движат/

Неговото движење е минимално, секој центаршут е погрешен, додавањето на топката е очајна, но ниту тоа не може да го исфрли од првиот тим.

На еден од натпреварите направи голема грешка кога во судиското надополнување на ривалот му дозволи да направи акција и да постигне гол за победа.