Има 13 години, а со 56 поени го наполни кошот на Барселона (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот тим на Реал Мадрид беше подобар од Барселона со 84-71 во финалето на шпанскиот Куп за кошаркари до 14 години.

Одлична ноќ имаше талентираниот кошаркар на „кралевите, Мамаду Ландур, кој постигна дури 56 поени, 33 скокови и пет блокади.

Ландур има само 13 години, но го покажа својот квалитет во вечното дерби против Барселона и ја доби МВП-наградата.

Талентираниот кошаркар до мечот со Барселона во просек постигнуваше по 19,2 поени и 17,4 скокови по натпревар.