Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Легендарниот бразилски тренер Луис Фелипе Сколари ја прекина тренерската пензија и го преземе Атлетико Минеиро од Бразил.
Сколари потпиша договор до 2024 година, а пред овој ангажман работеше како технички директор во Атлетико Параненсе од Бело Хоризонте.
Атлетико играше и финале во Копа Либертадорес минатата година, по што Сколари најави пензија, но сега повторно реши да му се врати на фудбалот.
Сколари претходно ги тренираше Гремио, Палмеирас, како и Гвангжу Евергранде, а имаше ангажмани и во Португалија, Челси, Ал-Ахли и други тимови.