До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италија овие денови се соочува со вистинска спортска катастрофа, бидејќи фудбалската репрезентација на оваа земја по трет пат по ред нема да учествува на Светското првенство.
Критики доаѓаат од сите страни, се бараат оставки, новиот селектор изгледа е најмалиот проблем, а „масло на огнот“ на Италијанците додаде претседателот на УЕФА Александар Чеферин.
Тој беше во Зеница и во живо го гледаше дебаклот на Италијанците против Босна и Херцеговина во финалето на разигрувањето за пласман на СП, а при таа прилика даде интервју за „Gazzetta dello Sport“ во кое ги изнесе сите италијански проблеми и се закани дека ќе ѝ го одземе домаќинството на Европското првенство.
Да потсетиме, ЕУРО 2032 година треба да се одржи во Турција и Италија, но додека Турците имаат многу фантастични стадиони и ќе имаат „слатки маки“ кои да ги одберат за овој турнир, Италијаните во овој момент имаат само два стадиони кои 100% ги задоволуваат сите стандарди на УЕФА и ФИФА, а тоа се оние во Торино и Удине, кои, пак, од друга страна, се премали за едно вакво натпреварување, особено тој во кој игра Удинезе.
Проблемот се Рим, Милано, Неапол, Фиренца, Болоња, Џенова…
„Еуро 2032 е планирано и ќе се одржи, а се надевам дека инфраструктурата ќе биде подготвена. Во спротивно, турнирот нема да се игра во Италија”, сурово им порача на Италијанците Чеферин.
















