Има многу кандидати, но само еден е фаворит за „Златната топка“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Финалето во Лига на шампиони (ЛШ) ќе ни го даде одговорот за тоа кој е најдобар тим во Европа, а може да се каже дека уште сега е познато кој ќе ја освои „Златната топка“ оваа сезона.

Британски „Гол“ објави дека најголем фаворит за престижната награда е Карим Бензема од Реал Мадрид, кој сезонава постигна 44 голови, од кои 15 беа во Лигата на шампиони (ЛШ).

Големи шанси за освојување на наградата им се даваат и на Садио Мане и Мохамед Салах, а двајцата имаат шанса да ја освојат и ЛШ со Ливерпул.

Во првите 10 се наоѓаат и Роберт Левандовски, Килијан Мбапе, Кевин Де Брајне, Лука Модриќ, Фил Фоден и уште неколку фудбалери, но речиси сигурно е дека Бензема ќе ја добие титулата.