„Имаме и втор меч со Естонија каде ќе се обидеме да ја надополниме негативата!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија вчера беше поразена со 69-74 на почетокот на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2025 година.

На теренот се врати Ненад Димитријевиќ кој блесна за Македонија, но во завршницата се здоби со повреда по што Естонија ја искористи шансата и создаде недостижна разлика.

„Одигравме тежок натпревар. Ги знаевме квалитетите на Естонија, но останавме без сила во второто полувреме. Играме уште еден меч против нив и ќе се обидеме да ја надополниме негативата“, кажа Димитријевиќ.

Димитријевиќ кажа дека во финишот добил грч и се надева дека не е посериозна повреда.

Македонија следниот меч го игра в понеделник на гости кај Полска.

Фото: КФМ