Имаме понуда за Икарди, но нема да го продадеме


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Eрик Тохир ги демантираше шпекулциите дека Мауро Икарди и Роберто Манчини ќе го напуштат Интер.

Во последно време во Италија многу се пишуваше дека Икарди ќе го замени Игуаин во Наполи, но најверојатно тоа нема да се случи.

“Добивме неколку понуди за Икарди, имаше една и од Наполи, но нема да го продадеме, договорот го продолживме пред една година. Ние сме како семејство, сите проблеми ги решавме со разговор. Тој е наш капитен и важен играч, среќни сме што го имаме”- изјави Тохир.

Сопственикот на Интер потоа зборуваше за плановите на Интер.

“Доведовме неколку добри засилување за да биде поквалитетни од минатата сезона и очекувам оваа сезона да се бориме за титулата. Сепак, прва цел ни е пласман во Лигата на шампионите”– истакна Тохир.