Имаш пари? Можеш да имаш – сè, а доказ за тоа е Роналдо! ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во светот Кристијано Роналдо вчера се врати во Торино, каде што ќе ја продолжи борбата со коронавирусот. Тој се зарази при престојот во репрезентацијата на Португалија, па мина неколку дена во изолација.

Роналдо се чувствува добро и нема никакви симптоми, но поради сите правила ќе ги пропушти следните натпревари на актуелниот италијански шампион.

Португалецот вчера стигна во Торино со посебен амбулантен авион, а во него имаше вистинска амбуланта во која Роналдо ја добивал потребната нега.

Интересно е тоа што Роналдо дури барал да игра на мечот против Шведска, па очигледно мисли дека вирусот не му може ништо, но секако не му било одобрено барањето.