Имаше само 16 години: Чудо од дете на Ајакс настрада во сообраќајка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нова трагедија во светот на фудбалот се случи во Холандија. Ноа Гесер почина во сообраќајна несреќа која се случи вчера по судир со комбе кое доаѓало од спротивен правец.

Освен Ноа во возилото се наоѓал и неговиот брат кој загинал на лице место, додека возачот на комбето е во болница, но се наоѓа надвор од животна опасност.

Гесер го сметаа за чудо од дете и беше еден од најталентираните фудбалери на Ајакс по неговото пристигнување во екипата.

Ова 16-годишно момче настапуваше за кадетската селекција на Ајакс, а му се предвидуваше голема кариера, но за жал тој го загуби животот.