„Имавме многу жени, но да трениравме како денешните фудбалери, ќе имавме двојно повеќе!“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот Роналдо Назарио да Лима е еден од најдобрите фудбалери во историјата, а неговата кариера ја одбележаа и многу повреди, поради што мораше премногу рано да заврши со фудбалот.

Бразилецот уживаше на фудбалските терени, но и надвор од него, каде што често бил на забави со девојки, а на почетокот на неделата беше гостин на „Бобо ТВ“, каде што зборуваше за минатото.

„Имавме многу жени, но да трениравме како денешните девојки, ќе имавме двојно повеќе и кој знае што ќе правевме на теренот“, кажа 45-годишниот Бразилец.

Роналдо во текот на кариерата се венчаше и се разведуваше неколку пати, а во моментов е во љубовна врска со 13 години помладата манекенка Селина Локс.