Имобиле имаше ужасна незгода - се судри со трамвај! (Видео)

Голгетерот на Лацио, Чиро Имобиле имал сообраќајна незгода утрово во Рим, кога се удрил во трамвај кој минувал на црвено светло на семафорот.

Неговиот автомобил беше целосно уништен во несреќата и вистинско чудо е како фудбалерот помина со полесни повреди.

Неколку патници од трамвајот, исто така, поминале со полесни повреди во несреќата, а Имобиле по инцидентот се пожали на болки во рацете.