До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во петтото последователно полуфинале на мастерсот во Индијан Велс, откако ноќеска по час и половина игра го совлада Камерон Нори со резултат 2:0 (6:3, 6:4) и на тој начин постигна голем подвиг во Калифорнија.
Иако минатата сезона беше елиминиран во полуфиналето од идниот победник Џек Дрејпер, најдобриот светски тенисер оваа доцна зима дојде во Калифорнија бркајќи големи подвизи на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Имено, оваа двојка од тенисери до вечерашната вечер беше единствената која можеше да се пофали со пет последователни полуфиналиња во Индијан Велс, а од сега и Алкараз можe да се гордее со тоа.
Алкараз ќе игра во полуфиналето против Данил Медведев, а другата полуфинална двојка ја сочинуваат Александар Зверев и Јаник Синер.















