Инцидент на клупата на Реал Мадрид: Фудбалер се однесувал дрско кон тренерот Анчелоти!


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Реал Мадрид го совлада Алкојано со 3-1 во шпанскиот Куп, а во 86. минута се случил инцидент на клупата на шпанскиот гигант.

Во главна улога бил дефанзивецот Дани Себаљос, кој бил снимен од камерите како дрско реагира кон тренерот Карло Анчелоти.

Пред да влезе во игра, фудбалерот реагираше бурно и покажа со неговата реакција дека е лут, додека Анчелоти се обидуваше мирно да го реши проблемот.

Ова беше прв меч на Себаљос по пет месеци отсуство поради повреда, а пред мечот Италијанецот кажа дека ќе смета на фудбалерот во вториот дел од сезоната.

„Ми се допаѓа како човек. Има карактер и ќе биде важен дел од екипата во вториот дел од сезоната“, кажа Анчелоти.