Инцидент на „Олд Трафорд“: Тепачка меѓу две ѕвезди на Манчестер јунајтед! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека тренингот на Манчестер јунајтед морал да биде прекинат затоа што се степале две ѕвезди на премиерлигашот.

Во четвртокот се случила физичка пресметка на тренингот на „црвените ѓаволи“, а засега не се откриваат имињата на ѕвездите кои го предизвикале инцидентот.

Ситуацијата не била пријатна, по што тренингот морал да биде прекинат, а ова е уште еден доказ дека атмосферата на „Олд Трафорд“ не е најдобра затоа што тимот игра ужасно.

Манчестер јунајтед следната сезона нема да игра во Лигата на шампиони (ЛШ), а ситуацијата во премиерлигашот ќе се обиде да ја поправи Ерик Тен Хаг, кој ќе го тренира клубот од ова лето.