Инцидент по мечот: Валверде удрил бокс на фудбалер на Вилјареал! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вилјареал славеше против Реал Мадрид, а нервите по натпреварот ги загуби Феде Валверде кој нападнал противнички фудбалер по натпреварот.

Валверде го пречекал Алекс Баена пред да се качи во клупскиот автобус и му удрил бокс на противникот.

Физичката пресметка за „Марка“ ја потврдил и портпаролот на Валверде, а причина за тоа биле навредите кон семејството на ѕвездата на Реал Мадрид.

„Баена го удри Феде во Копа Дел Реј и му кажа: Плачи сега, твојот син нема да дочека да биде роден. Ова го изнервира Валверде кој ја чекаше својата одмазда и сега го нападна пред клупскиот автобус“, откри портпаролот.