Инцидент во НБА: Навивачи го провоцираа Џејмс, па обезбедувањето ги исфрли од салата! 🎥

Леброн Џејмс го натера обезбедувањето во арената на Индијана пејсерс да исфрли двајца навивачи кои седеа покрај теренот.

Инцидентот се случи на две ипол минути пред крајот на продолжението од мечот, кој го добија Лејкерс со 124-116. Леброн во еден момент почна да разговара со судијата и се пожали од навивачите.

По кратката дискусија беше повикано обезбедувањето, кое ги исфрли младите навивачи од салата.

„Ништо не ми пречи, но постои кога навивач за својот тим, му свириш на противникот, не сакаш да биде успешен и кога ќе се поминат границите на непристојните гестови, тоа не треба никој да го толерира“, кажа Џејмс.