Инцидент во Премиер лигата – сопственикот на клубот го нападна тренерот среде теренот (Видео)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Нотингем Форест не бележи одлични резултати во последно време, па пласманот во Лигата на шампионите изгледа се подалечен.

По нерешениот резултат на свој терен против екипата на Лестер, двојниот европски шампион остана речиси без шанси за пласман во елитното натпреварување.

По овој натпревар следеше конфликт на теренот „Сити граунд“ помеѓу претседателот на клубот Евангелос Маринакис и тренерот Нуно Еспирито Санто.

Грчкиот милијардер се обрати на социјалните мрежи по овој инцидент, каде објасни што се случило.

Денес е ден за славење, бидејќи по 30 години, Нотингем Форест повторно ќе игра во Европа, тоа е ветување што го дадов кога обезбедивме пласман во повисок ранг. Со уште два натпревари во Премиер лигата, мора да продолжиме да веруваме и да сонуваме до последниот судиски свиреж“, рече Маринакис.

Фото: Принтскрин