Инфантино: ФИФА треба да го помести клупското Светско првенство!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино најави дека неговата организација ќе ја поддржи промената на календарот во натпреварувањето поради пандемијата на коронавирусот.

Европската фудбалска унија (УЕФА) го помести Европското првенство од ова лето за следното, па шампионатот ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година.

Покрај шампионатот во Европа, поместена е и Копа Америка, која ќе ги зафати термините кои беа предвидени за новиот формат на клупското Светско првенство.

„На состанокот се предложени следните чекори – да се одложи Копа Америка и Европското првенство за јуни и јули следната година. да се реши, кога ќе имаме појасна слика за да воведеме нов формат на Светското клупско првенство во 2021, 2022 или 2023 година“, вели Инфантино.