До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека било грешка што рускиот фудбал беше исфрлен од сите натпревари под закрилја на ФИФА и УЕФА.
Првиот човек на Светската фудбалска федерација зборуваше на оваа тема за англискиот Скај Спортс.
Да потсетиме, сите руски клубови и репрезентацијата, сите возрасни категории, беа исфрлени од европските и светските натпревари малку по нападот на Русија на Украина во февруари 2022 година.
Денес, четири години подоцна, Инфантино вели дека тоа било грешка.
„Треба да го преиспитаме тоа (исфрлањето на Русите, заб. на авт.), тоа е сигурно“, вели Инфантино.
Првиот чекор кон враќањето на Русите на меѓународната сцена веќе го направи Меѓународниот олимписки комитет, кој препорача помладите категории на руската репрезентација, во двете конкуренции, да започнат да се натпреваруваат како и сите останати.
















