Инфантино: Новиот формат на Светското клупско првенство ќе го промени фудбалот


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино изјави денеска дека првото Светско клупско првенство оваа година во новиот формат со 32 екипи ќе го промени фудбалот на подобро.

Светското клупско првенство започна синоќа во САД, со натпреварот помеѓу Интер од Мајами и египетскиот Ал Ахли 0:0, на стадионот Хард Рок во Мајами. Турнирот ќе се игра во 11 американски градови до 13 јули.

„Овој турнир ќе биде почеток на нешто историско што ќе го промени нашиот спорт на подобро“, рече Инфантино во Мајами.

Пред натпреварот беше приредено свечено отворање на турнирот, со музички и танцови настапи и огномет.

ФИФА од оваа година го промени системот на натпреварувањето, па на Светското клупско првенство наместо досегашните седум, учествуваат 32 екипи, што предизвика противење од многу тренери, здруженија на навивачи и експерти, поради густиот календар. Играчите се закануваа со штрајк, а против новиот формат најмногу беше Европската фудбалска унија (УЕФА).

Фотографија: Принтскрин