„Инфантино стои зад Суперлигата, проектот не е запрен!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас го нападна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Тебас е убеден дека Инфантино е еден од луѓето кои сакаат да создадат ново натпреварување.

„Сигурен сум дека Инфантино стои зад Суперлигата. Му го кажав тоа и него и сега го повторувам“, изјави Тевас.

Тебас кажа дека Ла Лига нема механизам и начин како да ги казни Реал Мадрид и Барселона зашто сакаат да пристапат кон Суперлига.

„Федерацијата и припаѓа на УЕФА, но не и првенствата тие се самостојни. Верувам дека сите клубови од Суперлигата се свесни дека направија грешка, најлоша казна за нив е реакцијата на навивачите. Проектот сега пропадна, но дефинитивно не е завршен“, вели Тебас.