Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Претседателот на Меѓународната фудбалска Федерација (ФИФА) Џани Инфантино истакна дека Светското клубско првенство постигна огромен успех, и дека приходите изнесуваат две милијарди долари.
“Светското клубско првенство постигна огромен успех. Се зборуваше дека ќе биде финансиска катастрофа, но ние остваривме две милијарди долари приходи, или 33 милиони по натпревар. Нема никаков спортски настан во светот што може да произведе таква заработка по натпревар. Натпреварите ги следеа на стадионите два и пол милиони навивачи, односно 40 илјади по натпревар. Само англиската Премиер лига има подобра просечна гледаност,” рече Инфантино во саботата при отворањето на канцеларијата на ФИФА во „Трамп Тауер“ во Њујорк.
Првото издание на Светското клубско првенство во овој формат (32 екипи) се одржува во САД, и започна на 14 јуни, само две недели по завршувањето на фудбалската сезона.
Фото: Принтскрин