Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Франк Илет, инфлуенсер и навивач на Манчестер Јунајтед, познат на Инстаграм како The United Strand, веќе повеќе од 11 месеци спроведува предизвик во кој не се шиша додека неговиот клуб не оствари пет последователни победи во сите натпреварувања.
Предизвикот го започна на 5 октомври 2024 година и од тогаш секојдневно го бележи напредокот на својот профил. Во последната објава нагласи дека стигнал до 345-от ден, а Јунајтед сè уште не успеал да го оствари потребниот низ. Косата му меѓувреме значително пораснала. Бидејќи живее во Шпанија, поради високите температури летните месеци претставувале посебен предизвик.
Илет најави дека кога ќе го заврши предизвикот, ќе ја донира косата во хуманитарни цели, меѓу другото на организацијата Little Princess Trust која изработува перики за деца заболени од рак.