Иниеста со тажна порака се збогуваше од Торес


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите напаѓачи во минатото, Фернандо Торес најави дека ја завршува кариерата на 35-годишна возраст.

Последниот меч кој го одигра беше против тимот на Андрес Иниеста. Тие двајца настапуваа во репрезентацијата на Шпанија, со која освои неколку трофеи, па поради тоа поранешниот фудбалер на Барселона се збогуваше од својот колега.

„Нашето патување нè однесе на многу страни во светот. И погледнете каде се наоѓаме денеска. Ти го играш последниот меч. Уживај во тоа што следува и биди среќен. Но, тоа што е чудно Фернандо. Ти уште не ни отиде, а веќе ми недостигаш“, порача Иниеста.