Инсиње нема да го продолжи договорот со Наполи, а се знае и неговата следна дестинација?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Лоренцо Инсиње би можел да го напушти Наполи на крајот на сезоната.

Инсиње со Наполи има договор до крајот на сезоната, откако не успеа да се договори за да ја продолжи соработката.

Преговорите траат неколку месеци и во тимот беа сигурни дека Инсиње ќе потпише нов договор, но италијанскиот репрезентативец ги шокираше пред неколку дена кога реши да ја одбие понудата.

Инсиње не е задоволен со понудата на Наполи и сака многу повеќе пари, а веќе пристигнала и понуда од Торонто кој му нуди подобри услови и има големи шанси Италијанецот да замине во МЛС-лигата на крајот на сезонава.