Инсиње: Оваа победа е за нас и за цел Неапол!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи синоќа на домашен терен го совладаа големиот Јувентус во дербито од 21. коло на италијанската Серија А.

Наполи конечно успеа да ја прекине очајната серија и тоа токму против Јувентус. Наполитанците победија со 2:1, а головите за домашните ги постигнаа Зјелински и Инсиње.

По натпреварот Инсиње толку беше среќен што Наполи конечно успеа да стигне до трите бода против лутиот ривал и тоа во тешка ситуација во која се наоѓа клубот веќе неколку месеци.

“Фокусирани сме само на себе и се однесуваме професионално бидејќи знаеме дека се ќе помине. Среќни сме што го победивме Јувентус и што освоивме важни три бода. Оваа победа е за нас, но и за цел Неапол”, порачува Инсиње по натпреварот.

Наполи моментално е на средина на десетта позиција со 27 бодови и стигнаа до важна победа по серија од три порази. Јувентус е прв со 51 бод и има три бода повеќе од второпласираниот Интер.