Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер, Андер Ерера се уште не сака да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед кој му истекува на крајот од оваа сезона.
„Црвените ѓаволи“ се обидоа неколкупати да ги почнат преговорите со шпанскиот играч за врска, но Ерера одби да ја продолжи соработката и како што стојат работите на крајот од оваа сезона како слободен играч ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Ерера оваа сезона беше еден од подобрите во очајната сезона на „Црвените ѓаволи“ и јасно е поради што сакаат да го задржат на „Театарот на соништата“. Меѓутоа, Шпанецот очигледно не сака да остане и како што се наведува веќе се договорил кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ.
Навивачите на Јунајтед се сигурни дека Ерера ќе замине откако утринава видеоа објава на неговата сопруга Исабел Коладо. Таа објавила кратко видео, а зад неа се гледаат картонски кутии кои се користат за преселба.