Интер го “краде” Берарди?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на Доменико Берарди за италијанските медиуми потврди дека “Нероаѕурите” покажале одлучност во намерата да го доведат неговиот клиент.

На “Џузепе Меаца” се спремни да издвојат 25 милиони евра за Берарди и да му понудат плата од 2.5 милиони евра по сезона.

“Точно е Интер покажа одлучност во намерата да го доведе Берарди. Доменико во овој момент е на одмор. Кога ќе се врати ќе видиме што ќе правиме”– изјави агентот на Берарди.

Берарди едно време беше во совлашниство на Јувентус и Сасуоло, а од минатата годината “Старата дама” го задржа правото на откуп.

Овој 22 годишен фудбалер во сезоната која е зад беше нешто послаб од претходната. Тој во својата најдобра сезона беше најдобар асистент во Серија А и против Милан на два натпревари постигна седум погодоци.