Интер го продава Икарди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барем така тврди неговата сопруга, Ванда Нара, кој му е и агент.

“Колку што гледам Интер сака да го продаде Мауро. Има многу заинтересирани, ќе ги разгледаме сите понуди и ќе ја избереме најдобрата”.

“Мауро со задоволство би останал, но ја сфаќаме финансиската позиција на клубот. Тој во договорот нема откуона клазула и се надеваме дека управата нема да прави проблеми на пазарот“- изјави таа.

Се претпоставува дека Интер од продажбата на Икарди би можел да заработи 40 милиони евра. Италијанските медиуми утрово пренесоа вест дека за Икарди најсериозно е заинтересиран Атлетико Мадрид и дека Симеоне сака да го доведе во својот тим.