Интер и Манчестер Јунајтед со победи се чекираа во четвртфиналето од Лига Европа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата славеше победа против тимот на Ласк Линц.

„Ѓаволите“ излегоа со мешан состав и се мачеа против тимот на кој му дадоа пет погодоци во Линц и на крајот успеаја да победат со 2:1.

Резултатот го отвори гостинскиот тим со спектакуларен погодок на Визингер во 55. минута.

Сепак, само две минути подоцна Лингард израмни на 1:1, а конечниот резултат го постигна Марсијал во финишот на натпреварот.

Интер со 2:0 славеше на натпреварот во Гелзенкирхен против Хетафе и со тоа се пласираше во четвртфиналето.

Головите за италијанскиот клуб ги постигнаа Ромелу Лукаку и Кристијан Ериксен.

Претходно Копенхаген со убедливи 3:0 славеше над Башакшехир,  а Шахтјор со истиот резултат го матираше Волфсбург.