Интер испука петарда во мрежата на Шахтјор и си закажа финална пресметка со Севилја


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Екипата на Интер е вториот финалист во Лига Европа откако денеска со убедливи 5:0 славеше против тимот на Шахтјор.

Нероазурите беа убедливи во текот на целиот натпревар и сосема заслужено се тимот кој ќе и се спротивстави на Севилја во финалето кое на програмата е во петок.

Резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во 19. минута откако ја искористи грешката на искусниот голман Пјатов.

Во вториот дел следеше вистинска рапсодија во сино црно затоа што на теренот постоеше само еден тим.

Дамбросио зголеми на 2:0 во 64. минута, десет минути подоцна Мартинез го постигна својот втор погодок за 3:0, а Лукаку набрзо погоди и за 4:0.

Конечниот резултат го постави Ромелу Лукаку со погодок постигнат во 84. минута од средбата.