Интер повторно киксна и пропушти прилика да оди на втората позиција на табелата

Екипата на Интер повторно не успеа да стигне до победа затоа што беше запрена од Верона која ја продолжува бајковитата сезона.

Двете екипи ремизираа со конечен резултат 2:2 во еден доста интересени возбудлив натпревар кој имаше неизвесен финиш.

Верона поведе уште по самиот старт на средбата преку Данко Лазовиќ, а потоа Интер направи целосен пресврт во вториот дел со головите на Кандрева и Димарко кој си постигна автогол.

Конечниот резултат го постави искусниот Мигел Велосо на четири минути до крајот на средбата.