Интер прв патник во полуфиналето во Лига Европа


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Интер е првиот патник во полуфиналето во Лига Европа откако со 2:1 славеше на натпреварот против Баер Леверкузен.

Италијанскиот претставник работата си ја заврши уште во првото полувреме кога стигна до предност од 2:0 со головите на Барела и Лукаку.

Исто така во првиот дел следеше и погодокот на Баер Леверкузен кој беше постигнат од нивниот најдобар играч, Каи Хаверц.