Интер сака да ги расипе плановите на Јувентус: “Бисерот” на Јунајтед добива петгодишен договор?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот Тахит Чонг на „Олд Трафорд“ долго време се смета за следната „голема ѕвезда“.

Сепак, договорот на 20-годишниот крилен играч со Манчестер Јунајтед се истекнува следното лето, тој сè уште не ја добива вистинската можност, а многу европски великани сега се обидуваат да го „убедат“ Чонг да не го продолжи договорот со Јунајтед и да им се приклучи на своите редови. Пред се за младиот Холанѓанец се заинтересирани од Апенините .

Неодамна се појавија шпекулации дека Јувентус веќе му понудил на Чонг „пристојна“ плата и богати бонуси доколку одбие да ја продолжи соработката со Јунајтед и да дојде во Торино.

Но, сега Интер презеде конкретен чекор за да ги уништи плановите на Јувентус (и секако Манчестер Јунајтед) и да го намами младиот офанзивен играч за врска во неговите редови.

Тутомеркато смета дека Нероаѕурите веќе се сретнале со Синух Мохамед, менаџер на Чонг и „ставиле на маса“ договор подготвен за неговиот клиент.

Наводно станува збор за петгодишен договор вреден два милиони евра по сезона, со опција за автоматско зголемување на приходите во зависност од натпреварите на Чонг.

Исто така, се верува дека Интер подготвил пет милиони евра „награда“ за менаџерот на Чонг, доколку младиот Холанѓанец пристигне во Меаца.

Потсетете се дека Чонг веќе изрази желба да го напушти Олд Трафорд, а дали тоа всушност ќе се случи во текот на летото останува да се види.