Интер во „луд “натпревар со три пресврти славеше против Фиорентина


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Екипата на Интер славеше победа од 4:3 против Фиорентина во „луд“ натпревар одигран на Џузепе Меаца.

Натпреварот изобилуваше со одлична игра на двете страни, а први до гол стигнаа фудбалерите на Фиорентина уште во 3. минута кога Куаме го совлада Хандановиќ.

За нов гол се чекаше до самиот крај на полувремето кога Лаутаро Мартинез со одмерен удар погоди за 1:1.

Интер на самиот старт на вториот дел стигна до предност од 2:1, но истата кратко траеше затоа што по само четири минути Фиорентина израмни на 2:2 со голот на Кастровили.

Набрзо потоа Федерико Чиеза погоди за водство од 3:2 за Фиорентина, резултат кој беше на сила до самиот крај на натпреварот.

Лукаку во 87. минута ја искористи асистенцијата на Ашраф Хакими, за две минути подоцна Дамбросио да го постигне конечниот резултат.