Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако пропадна можноста Крис Смолинг да се врати во Рома на перманентна основа, сега фудбалерот ќе бара нова шанса за трансфер надвор од Манчестер Јунајтед.
„Калчомеркато“ пишува дека за играчот интерес пројавил тимот на Интер кој сака да ја засили одбранбената позиција.
Од редовите на Интер нема да ја плаќаат сумата која ја бара Манчестер Јунајтед и е во висина од 20 милиони евра, туку планираат на „ѓаволите“ да им понудат некој од своите фудбалери.
Жоао Марио, Иван Перишиќ или Марсело Брозовиќ би можеле да се преселат на „Олд Трафорд“ како замена за Смолинг.