Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Возачката дозвола му е одземена на шест месеци, како и автомобилот, а сега пристигна и казна од Интер за Марцело Брозовиќ.
Интер го казни хрватскиот репрезентативец Брозовиќ со 100.000 евра затоа што возеше автомобил во пијана состојба.
Брозовиќ го запрела полицијата, а потоа било потврдено дека има 0,6 промили алкохол, по што му била одземена возачката.
Италијанските медиуми шпекулираат дека тренерот Антонио Конте планира да го исфрли и од екипата, а ова на Хрватот не му е првпат да го крши законот, зашто во претходните четири години дури двапати направи сличен прекршок.
Drink Driving? Driving Licence Revoked? 100k Fine From The Club?
— Uncle Sharma Backup Account (@unclesharma) July 13, 2020
No Problem. Peak Epic Brozovic Is On The Way Back.
3 Goals and 6 Assists, @Inter's Highest Contributing Midfielder. pic.twitter.com/gkVqVOQC68